Anda di halaman 1dari 12

10.

СОВЕТУВАЊЕ
Охрид, 24 − 26 септември 2017

Дејан Пејовски,
Димитар Трајковски,
Зоран Трипуноски
Раде Кончар – Сервис и поправки на електрични производи, Скопје
Крсте Најденкоски
Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

ТЕМПЕРАТУРНИ МОДЕЛИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ЖИВОТНИОТ ВЕК НА


ТРАНСФОРМАТОР ПРИ НЕЛИНЕАРНО ОПТОВАРУВАЊЕ СПОРЕД IEC И
IEEE СТАНДАРДИТЕ

КУСА СОДРЖИНА
Промените во оптоварувањето на трансформаторот предизвикуваат промени на
наттемпературите на намотките и на трансформаторското масло. Особено е важно следењето на
најтоплата точка и на температурата во горниот слој на маслото, бидејќи нивното зголемување
доведува до забрзано стареење на изолациските материјали на трансформаторот, а со тоа и
намалување на животниот век на единицата во целост. Овој ефект станува уште повеќе изразен
при нелинеарно несиметрично оптоварување на трансформаторот, какво што вообичаено се
јавува во практиката. Хармониските компоненти на секундарната струја на трансформаторот се
пренесуваат и на примарната страна и доведуваат до зголемување на ефективните вредности на
струите, со што се зголемуваат и загубите на моќност, особено оние предизвикани од виорните
струи. Сето ова води до зголемување на температурите на самите намотки и на маслото со што
постепено се намалува неговата диелектрична цврстина. Затоа многу внимание се посветува на
постојаното следење и контрола на релевантните температури. Постојат неколку математички
модели според кои може да се пресметаат наттемпературите, а потоа и намалувањето на
животниот век на изолацијата, опишани во стандардите IEC 60076-7 и IEEE C57.91-2011. Во овој
труд ќе биде направена споредба на предложените модели и на резултатите кои се добиваат при
анализа на дистрибутивен трансформатор со моќност 400 kVA, номинален напон 21(10,5)/0,42
kV и спој Dyn5. Влезни податоци во моделите се амбиенталната температура и дневното
оптоварување на трансформаторот, кое се смета дека е нелинеарно и несиметрично.
Клучни зборови: стареење на изолација, топла точка, динамички температурен модел.

1 ВОВЕД
Животниот век на трансформаторот генерално е определен од животниот век на неговите
изолациски материјали, т.е. на различните видови изолациска хартија и трансформаторско масло,
врз кои дејствуваат електрични, механички и термички напрегања. Стареењето на изолацијата
зависи од оптоварувањето на трансформаторот, т.е. од температурата на неговите намотки (која
е функција од оптоварувањето и амбиенталната температура), како и од количеството влага и
воздух во трансформаторското масло [1]. Дополнителни напрегања во трансформаторот
предизвикува несиметричното оптоварување на трите фази, како и хармониските компоненти на
секундарните струи во случај на нелинеарно оптоварување. Овие работни услови предизвикуваат
зголемување на температурите на намотките и на маслото, кои и онака имаат сложена
распределба и нивното определување претставува комплексен проблем, дури и при константни
и контролирани услови [2]. Во постојните стандарди IEC 60076-7 и IEEE C57.91-2011 се дадени
температурни модели за пресметка на температурата во горниот слој на маслото и најтоплата

A2-030R 1/12
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 2/12

точка на намотките. Овие модели се базираат врз измерени и пресметани вредности, но не ги


опфаќаат случаите кога оптоварувањето на трансформаторот е несиметрично, или пак,
нелинеарно, што се покажува како најчест случај во практиката.

НОМЕНКЛАТУРА
θHS - температура на најтоплата точка [oC]
θa - амбиентална температура [oC]
ΔθТО(t) - наттемпература во горниот слој на маслото при оптоварување K [oC]
ΔθHK(t) - температурна разлика помеѓу најтоплата точка и температурата на маслото во горниот
слој при оптоварување K [oC]
t - времетраење на оптоварувањето К [min]
ΔθТО(u) - стационарна (крајна) наттемпература во горниот слој на маслото при оптоварување К [oC]
ΔθТО(i) - почетна наттемпература во горниот слој на маслото [oC]
ТТО - временска константа на маслото [min]
ΔθTOR - наттемпература на маслото во горниот слој при номинално оптоварување [K]
R - однос помеѓу загубите на моќност при номинално оптоварување и при празен од [е.г.]
K - коефициент на оптоварување, т.е. однос помеѓу струјата на оптоварување и номиналната
струја
x - експонент за пресметка на наттемпературата на маслото при оптоварување различно од
номиналното
ΔθHS(u) - стационарна наттемпература на најтоплата точка при оптоварување К [oC]
ΔθHS(i) - почетна наттемпература на најтоплата точка [oC]
ТHS - временска константа на најтоплата точка [min]
ΔθHKR - температурна разлика помеѓу најтоплата точка и температурата на маслото во горниот
слој при номинално оптоварување [K]
y - за пресметка на наттемпературата на намотката при оптоварување различно од
номинално
Cth,oil - топлински коефициент на маслото [Wh/oC]
qtotal - вкупни загуби на моќност во трансформаторот [W]
PEC - загуби на моќност поради виорни струи [е.г.]
g - густина на струја во разгледуваната намотка при номинални услови [A/mm2]
PLL - измерени загуби на моќност во куса врска [W]
PDC - загуби на моќност поради омскиот отпор на намотките [W]
I1R, I2R - номинална примарна и секундарна линиска струја, соодветно [A]
R1,R2 - фазен омски отпор на примарната и на секундарната намотка, соодветно [Ω]
p - коефициент на температурна промена за определена класа на изолација
n - индекс на секој од временските интервали
N - вкупен број на еднакви временски интервали.
PUL - животен век [е.г.]
FEQA - еквивалентен коефициент на стареење за целиот временски период
FAA,n - коефициент на забрзување на стареењето за одредена температура и временски интервал
Δtn
Δtn - временски интервал во часови
Ka, Kb, - оптоварување на секоја фаза соодветно
Kc
Kha/b/c - хармониско оптоварување на дадена фаза за ред на хармоникот h [е г.]
h - ред на хармоникот
PNL - загуби на моќност во празен од [W]
POSL - дополнителни загуби на моќност во компоненти различни од намотки [W]
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 3/12

2 ТЕМПЕРАТУРЕН МОДЕЛ НА ТРАНСФОРМАТОР


2.1 Температурна равенка за динамички режим
Температурата на најтоплата точка на намотката се смета дека е најважен параметар за
определување на способноста за оптоварување на трансформаторот. Таа се наоѓа околу
радијалната средина на врвот од намотките, на внатрешната страна на изолацијата.
Температурниот модел на трансформатор се заснова врз фактот дека со зголемување на струјата
на оптоварување ќе се зголемат загубите на моќност, а со тоа и температурите во горниот слој на
маслото и на намотките [3]. Ова загревање зависи од карактеристиките на материјалите кои се
употребени при изведбата и од оптоварувањето.
Со цел попрецизно да се определи температурата на најтоплата точка, стандардите
препорачуваат употреба на т.н. динамичко оптоварување. Тоа се дефинира како максимално
оптоварување што трансформаторот може да го издржи при временски променливо
оптоварување и/или услови на околината [4]. Наттемпературите во горниот слој на маслото и на
најтоплата точка во текот на транзиентниот период кога се менува оптоварувањето од една во
друга стационарна состојба се опишуваат со експоненцијални функции, кои всушност, се
решенија на диференцијалните равенки што го дефинираат еквивалентниот температурен модел
на трансформаторот.
Според математичките температурни модели дадени во стандардите IEC 60076-7 [1] и
IEEE C57.91-2011 [5], за дистрибутивни трансформатори со природно струење на маслото и
воздухот (тип на ладење: ONAN), температурата на најтоплата точка при кое било оптоварување
К, претставува збир на амбиенталната температура, наттемпературата во горниот слој на маслото
и наттемпературата на намотката во однос на маслотo:
θ HS = θ a + Δθ TO (t ) + Δθ HK (t ) (1)
При кое било оптоварување K, временската промена на наттемпературата на маслото во
горниот слој може да се дефинира со следнава експоненцијална равенка:
[ ]
Δθ TO (t ) = [Δθ TO (u ) − Δθ TO (i ) ] ⋅ 1 − e − t / TTO + Δθ TO (i ) (2)
Стационарната наттемпература во горниот слој на маслото за кое било оптоварување К
се определува според изразот:
x
1 + R ⋅ K 2 
Δθ TO (u ) = Δθ TOR ⋅  
 (3)
 1+ R 
Температурната разлика помеѓу најтоплата точка и температурата на маслото во горниот
слој, ΔθHK(t), при произволно оптоварување K се пресметува според следниов израз:
[ ]
Δθ HK (t ) = [Δθ HK (u ) − Δθ HK (i ) ] ⋅ 1 − e − t / THS + Δθ HK (i ) (4)
Слично како и претходно, крајната наттемпература на најтоплата точка за произволно
оптоварување К може да се определи од изразот:
Δθ HK (u ) = Δθ HKR ⋅ [K ] ,
y
(5)
Временските константи на маслото и на најтоплата точка се определуваат со равенките:
C th,oil ⋅ Δθ TOR
TTO = 60 ⋅ (6)
qtotal
Δθ HSR
THS = 2,75 ⋅ (7)
(1 + PEC ) ⋅ g 2
Топлинскиот коефициент на маслото се определува преку масата на маслото Мm [kg]:
Cth,oil = 0,48 ⋅ M m (8)
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 4/12

Согласно стандардот IEEE Std. C57.110-1998 [6] загубите на моќност во намотките поради
виорни струи кај трансформаторите во маслена изведба претставуваат 33% од вкупните
дополнителни загуби на моќност (PTSL) и се определуваат со изразот:
[ (
PEC = 0,33 ⋅ PTSL = 0,33 ⋅ (PLL − PDC ) = 0,33 ⋅ PLL − 1,5 ⋅ I 12R ⋅ R1 + I 22R ⋅ R 2 )] (9)
2.2 Релативно стареење на трансформаторот
Намалувањето на животниот век на трансформаторот како поим се врзува со стареењето
на неговите изолациски материјали. Поради напрегањата на кои е подложена изолацијата при
оптоварување на трансформаторот, настанува влошување на нејзините електрични и механички
карактеристики. При определување на стапката на стареење на изолацијата постојат одредени
терминолошки разлики во методите дадени во IEC и IEEE стандардите. Исто така, разлики се
забележуваат и во референтните големини, што ќе биде анализирано во продолжение.
2.2.1 Намалување на животниот век според IEC
Според IEC 60076-7, поимот стареење на изолацијата подразбира намалување на
нејзиниот квалитет, т.е. разорување на електричните и на механичките својства. По надминување
на определените гранични вредности на овие параметри на изолацијата може да се смета дека
предвидениот животен век на трансформаторот е изминат [1].
Согласно ограничувањето на температурното подрачје во кое припаѓаат
трансформаторите, животниот век на трансформаторот (Ld) може да се пресмета со
поедноставениот Монтсингеров израз:
Ld = e − p⋅θ (10)
Како попрактичен израз за определување на животниот век на трансформаторот се
користи инверзната функција од животниот век на изолацијата, која се вика стапка на стареење:
E = C ⋅ e p⋅θ (11)
Константата С во равенката (11) зависи од повеќе фактори, меѓу кои најважни се
почетниот квалитет на изолациските материјали и разладувачкото средство. Коефициентот на
температурна промена р се зема како константна големина за подрачјето помеѓу 80оС и 140оС.
Кај „А“ температурна класа на изолација вредноста на коефициентот р е таква што стапката на
стареење се удвојува за секој температурен пораст од 6К.
Се смета дека трансформаторот има нормална стапка на стареење при номинално
оптоварување и амбиентална температура 20оС. Притоа температурата на најтоплата точка
изнесува 98оС. При други услови на работа, релативната стапка на стареење се дефинира како
однос помеѓу стапката на стареењето при одредена температура на најтоплата точка θHS и
нормалната стапка на стареење и таа изнесува:
E (θ HS )
V= (12)
(
E 98 o C )
Ако се земе предвид вредноста на коефициентот р, релативната стапка на стареење може
да се пресмета со следниов израз:
θ HS − 98
V =2 6 (13)
Намалувањето на животниот век на трансформаторот, кое настанува при
преоптоварување, се изразува во години, месеци, денови или часови. При промени на работните
услови (оптоварување, амбиентална температура), релативната стапка на стареење зависи од
времетраењето на оптоварувањето, па намалувањето на животниот век во период од t1 до t2 се
определува со изразот:
1 N
L=
N
V n =1
n (14)
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 5/12

2.2.2 Намалување на животниот век според IEЕЕ


Според IEEE Std. C57.91-2011, поимот животен век се однесува исклучиво на
пресметаниот животен век на изолацијата, а не и на реалниот животен век на трансформаторот
во целост [5]. Стапката на стареење на изолацијата се изразува како експоненцијална функција
која зависи од температурата на најтоплата точка и е дадена со изразот:
 15000 
 
−18  θ HS + 273 
PUL = 9,8 ⋅ 10 e (15)
Оттука се гледа дека основен променлив фактор кој влијае врз термичкиот животен век е
температурата на најтоплата точка на намотките. Се покажува дека забрзано стареење на
изолацијата над нормалното настанува при температура повисока од референтната 110оС и
обратно: стареењето се намалува под нормалното при температури пониски од 110оС.
При промена на оптоварувањето на трансформаторот и на амбиентална температура за
време од 24 часа, може да се пресмета коефициентот на забрзување на стареењето (FAA) преку
следава равенка:
 15000 15000 
 − 
 383 θ HS + 273 
F AA = e (16)
Овој коефициент има вредност поголема од 1 кога најтоплата точка на намотката е
поголема од референтната температура 110оС и обратно.
Со помош на рав. (16) се пресметува еквивалентното стареење на трансформаторот.
Еквивалентниот животен век во часови или во денови, при референтна температура, што ќе се
потроши во даден временски период за даден температурен циклус, се определува со следнава
равенка:
N

F
n =1
AA, n ⋅ Δt n
FEQA = N
(17)
 Δt
n =1
n

Со множење на еквивалентниот коефициент (од рав. 16) со времето t (h) се определува


намалувањето на животниот век во часови. Така се добиваат еквивалентните часови на
животниот век при референтна температура што се трошат во даден временски период.
Процентуалното намалување на животниот век на изолацијата, во даден временски период,
претставува резултат од потрошените часови на животниот век поделени со дефинираните
часови на вкупниот нормален животен век на изолацијата и помножени со 100. Равенката за
процентуалното намалување на животниот век е:
FEQA ⋅ t ⋅ 100
LOL(% ) = (18)
нормален животен век

3 ТЕМПЕРАТУРЕН МОДЕЛ НА ТРАНСФОРМАТОР ПРИ НЕСИМЕТРИЧНО


НЕЛИНЕАРНО ОПТОВАРУВАЊЕ
Постојните упатства за оптоварување на маслените трансформатори, како што беше
покажано во точка 2, се засноваат врз конзервативните претпоставки за константно дневно
оптоварување и средни дневни или месечни амбиентални температури. За поточно да се
определи намалувањето на животниот век на трансформаторот неопходно е да се земат предвид
промените во оптоварувањето и во амбиенталната температура на одредени кратки временски
интервали. Уште поточно би било да се разгледува оптоварувањето на секоја фаза посебно,
бидејќи најчесто во практиката тоа е несиметрично и предизвикува различни наттемператури на
најтоплата точка кај секоја фазна намотка. Сепак, при определување на наттемпературата во
горниот слој на маслото, треба да се користи еквивалентно оптоварување што ќе ја земе предвид
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 6/12

несиметричноста што ја внесува секоја фаза. Таквиот еквивалентен коефициент на оптоварување


се пресметува според изразот [4], [7]:

K unb =
1
3
(
⋅ K a2 + K b2 + K c2 ) (19)

При определување на наттемпературата во горниот слој на маслото, во рав. (3) потребно


е претпоставеното симетрично оптоварување K да се замени со еквивалентниот коефициент на
несиметрично оптоварување Kunb. Температурата на најтоплата точка се пресметува за секоја
намотка посебно, зависно од оптоварувањето на соодветната фаза и притоа се менува и крајната
наттемпература:
Δθ HK ,a / b / c (u ) = Δθ HKR ⋅ [K a / b / c ]
y
(20)
Исто така, во практиката често се појавуваат хармониски компоненти во струите на
оптоварување на трансформаторите поради нелинеарниот карактер на самите потрошувачи.
Овие хармониски компоненти потоа се пренесуваат кон изворите на моќност во системот, што
значи кон примарната страна на трансформаторот, предизвикувајќи зголемување на загубите на
моќност во намотките и во дополнителните компоненти. При познат хармониски спектар на
секоја фазна струја, може да се претпостави дека истиот спектар важи за кое било оптоварување
на таа фаза во текот на разгледуваниот 24-часовен циклус. Доколку се земат предвид
хармониските членови, еквивалентното оптоварување на секоја фаза се определува со изразот
[4]:
h max h max


h =1
2
K ha / b / c + PEC ⋅ K
h =1
2
ha / b / c ⋅ h2
K a2 / b / c ,ekv = (21)
1 + PEC
Откако ќе се пресмета еквивалентното хармониско оптоварување на секоја фаза со рав.
(22), може да се пресметаат и крајните наттемператури на најтоплата точка одделно:

[
Δθ HK , a / b / c (u ) = Δθ HKR ⋅ K a2 / b / c ,ekv ]y/2
(22)
Со рав. (21) и (22) се земени предвид хармониските компоненти на секоја фаза во секоја
точка од разгледуваниот дневен дијаграм на оптоварување. Понатаму, за пресметка на крајната
наттемпература во горниот слој на маслото потребно е да се земе предвид еквивалентното
влијание на хармониските членови од сите фази. Прво се пресметува отоварувањето за секој ред
на хармоникот h, од h = 1 до h = hmax со следниов израз:

K h,ekv =
1
3
2
⋅ K ha 2
+ K hb( 2
+ K hc ) (23)

Потоа, членот кој го содржи оптоварувањето во рав. (3) се менува поради присуството на
нелинеарните компоненти и притоа се користи изразот од десната страна на следнава равенка
[4], [7]:
 h max h max h max

1 + R ⋅ K 2 
PNL +  PDC
 h =1

K h2,ekv + PEC
h =1
K h2,ekv h 2 + POSL 
h =1

K h2,ekv h 0,8 
,
 = (24)
 1+ R  PNL + PLL
Омските загуби на моќност се пресметуваат според рав. (25), а дополнителните загуби во
други компоненти се определуваат како разлика помеѓу вкупните дополнителни загуби и
загубите поради виорни струи [6]:
(
PDC = 1,5 ⋅ I 12R ⋅ R1 + I 22R ⋅ R 2 ) (25)
POSL = PTSL − PEC = PLL − PDC (26)
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 7/12

4 LABVIEW МОДЕЛ ЗА ПРЕСМЕТКА НА СТАРЕЕЊЕТО


Според температурните модели образложени во точките 2 и 3 направен е виртуелен
инструмент (сл. 1) во програмскиот пакет LabVIEW за определување на животниот век на
трансформатор. Поради променливиот карактер на амбиенталната температура и на
оптоварувањето, постојано се менува и температурата на најтоплата точка. За да се примени
математичкиот модел, се претпоставува дека температурата на најтоплата точка е константна во
одреден мал временски интервал. Така се пресметуваат температурите за секој час, т.е. за секој
интервал од дијаграмот на оптоварување.

Слика 1 Виртуелен инструмент во LabVIEW за пресметка на најтоплата точка


Откако ќе ги добие потребните влезни податоци, виртуелниот инструмент врши
пресметка на температурите по следниов редослед:
- пресметка накрајните наттемператури во горниот слој на маслото и на најтоплата
точка зависно од оптоварувњето во секој временски интервал (рав. 3 и 5),
- пресметка на достигнатите наттемператури на маслото и на најтоплата точка во секој
временски интервал (рав. 2 и рав. 4). Притоа за секој следен интервал, како почетни
наттемператури се земаат пресметаните крајни наттемператури од претходниот
интервал,
- пресметка на релативното стареење на трансформаторот (рав. 13 и 14 според IEC и
рав. 16 и 17 според IEEE).
4.1 Влезни податоци
Во овој труд е направена пресметка на најтоплата точка на трансформаторот и анализа на
стареењето на изолацијата согласно IEC и IEEE стандардите, за трансформатор со номинална
моќност 400 kVA и номинален напон 21(10,5)/0,42 kV произведен во Раде Кончар – Сервис.
Потребните податоци за анализираниот трансформатор се дадени во табелата 1. Ескпонентите x
и y се совпаѓаат во двата стандарди и земени се нивните вообичаени вредности.
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 8/12

Табела 1 Параметри и конструктивни податоци за дистрибутивен трансформатор


Номинална моќност Sn 400 kVA
Номинална примарна струја I1n 11 A
Номинална секундарна струја I2n 549,86 A
Омски отпор на примарна намотка R1 13,73 Ω
Омски отпор на секундарна намотка R2 0,00193 Ω
Маса на масло Mm 320 kg
Измерени загуби во празен од PNL 617 W
Измерени загуби во куса врска PLL 4681 W
Густина на секундарна струја g 3 A/mm2
Загуби на моќност поради виорни струи PEC 433,53 W
Дополнителни загуби на моќност POSL 880,19 W
Експонент на маслото x 0,8 /
Експонент на намотката y 1,6 /

Како влезни податоци во LabVIEW моделот, освен параметрите на трансформаторот, се


користат дневниот дијаграм на оптоварување и амбиенталната температура. Анализите на
стареењето на изолацијата се направени според двата стандарди, за три различни случаи на
оптоварување: симетрично линеарно, асиметрично линеарно и несиметрично нелинеарно. На сл.
2 се дадени дијаграмите на оптоварување за сите случаи, како и измерениот хармониски спектар
на секундарните струи кај нелинеарното оптоварување. За амбиентната температура се користат
реалните измерени вредности во текот на 24 часа, што е препорачливо според двата стандарди.

5 АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Покрај терминолошките разлики кои постојат во стандардите на IEC и IEEE, дел од
вредностите на референтните големини исто така се разликуваат. Во табелата 2 е направена
споредба на ваквите големини. Тоа доведува до одредени разлики при пресметката на животниот
век на транформаторот. Временските константи дадени во табела 2 се пресметани според рав. (6)
и (7). Временската константа на намотките може да се занемари, бидејќи нејзината вредност е
незначителна и има ограничено влијание врз температурата на најтоплата точка. Почетната
наттемпература го горниот слој на маслото е ΔθТО(i)=12oC, додека почетната наттемпература на
најтоплата точка е ΔθHS(i)=0oC.
Табела 2 Споредба на релевантните големини за пресметка на стареењето на трансформаторот
според IEC и IEEE стандардите [1], [5]
Референтни големини IEC IEE
Амбиентна температура θa 20 [oC] 30 [oC]
Наттемпература на маслото во горниот слој ΔθТОR 55 [K] 65 [K]
Средна наттемпература на намотката ΔθWR 65 [K] 65 [K]
Градиент на најтоплата точка во однос на
ΔθHKR 23 [K] 15 [K]
температурата на маслото во горниот слој
Наттемпература на најтоплата точка ΔθHS 78 [K] 80 [K]
Температура на најтоплата точка θHS 98 [oC] 110 [oC]
Временска константа на маслото TTO 95,67 [min] 113,07 [min]
Временска константа на најтоплата точка на
THS 21,81 [min] 22,37 [min]
намотката
Нормален животен век / ? 30 [год.] 20,55 [год.]
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 9/12

Слика 2 Дијаграми на оптоварување: а) симетрично линеарно, б) несиметрично линеарно,


в) хармониски спектар на секундарни струи, г) несиметрично нелинеарно оптоварување
На сл. 3 е дадена промената на релевантните температури при симетрично оптоварување,
според двата стандарди. Се забележува дека најголемо влијание врз температурата на најтоплата
точка, а со тоа и на стареењето на изолацијата има големината на оптоварувањето. Карактерот
на оптоварувањето исто така има значајно влијание, кое не е земено предвид во постојните
стандарди, но може јасно да се забележи на сл. 4 и 5, каде што се прикажани наттемпературата
во горниот слој на маслото и температурата на најтоплата точка при различните оптоварувања.
Релативното стареење на изолацијата за сите случаи и според двата стандарди е дадено на сл. 6
и податоците за намалувањето на животниот век се прикажани во табелата 3.

Слика 3 Промена на температурите и намалување на животниот век на трансформаторот


при симетрично линеарно оптоварување, според IEС и IEEE стандардите
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 10/12

Слика 4 Наттемпература на маслото во горниот слој при различно оптоварување според IEC и
IEEE стандардите

Слика 5 Температура на најтоплата точка на намотките при различно оптоварување според


IEC и IEEE стандардите

Слика 6 Релативно стареење на трансформаторот при различно оптоварување, според IEC и


IEEE стандардите
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 11/12

За да може да се направи споредба помеѓу резултатите кои се добиваат со различните


референтни вредности во IEEE и IEC стандардите, направени се неколку прилагодувања во
пресметката на температурата на најтоплата точка според IEEE стандардот, т.е. овој метод е
сведен кон вредностите на IEC стандардот. Направени се следниве корекции:
- трансформаторот има нормална стапка на стареење на 98оС,
- номиналната амбиентна температура е 20оС,
- нормалниот животен век на трансформаторот е 30 год.,
- циклусот на оптоварување и амбиентна температура се идентични.
Резултатите кои се добиени при сведувањето на вредностите се прикажани во табела 3.
Табела 3 Релативно стареење на трансформаторот според методите во IEC и IEEE стандардите
Тип на оптоварување IEC Std. IEEE Std. IEEE Std. сведено
V / FEQA
0,45115 0,13043 0,46296
(ден.)
Симетрично линеарно
V / FEQA (h) 10,8277 3,1304 11,1110
L / LOL (%) 0,004120 0,001739 0,004228
V / FEQA
0,48506 0,14049 0,49864
Неиметрично (ден.)
линеарно V / FEQA (h) 11,6415 3,3717 11,9674
L / LOL (%) 0,004429 0,001873 0,004553
V / FEQA
1,50868 0,37873 1,34425
Неиметрично (ден.)
нелинеарно V / FEQA (h) 36,2084 9,0894 32,2620
L / LOL (%) 0,013778 0,005049 0,012276

6 ЗАКЛУЧОК
Постојните стандарди на IEC и IEEE, во кои се дадени математичките температурни
модели на трансформатор што служат за пресметка на релевантните температури и на
намалувањето на животниот век на трансформаторот не ги земаат предвид различните типови
оптоварување кои се јавуваат во практиката. Во овој труд со помош на витруелен инструмент
изработен во LabVIEW и анализа на практичен случај беше покажана важноста на карактерот на
потрошувачите.
Од добиените резултати се забележува дека при симетрично оптоварување, намалувањето
на животниот век многу малку се разликува според двата стандарди. Несиметричноста на
линеарното оптоварување на сите фази го забрзува стареењето на трансформаторот, а
резултатите според IEC и IEEE се доста слични. Ако се земе предвид хармонискиот спектар на
секундарните струи кој ја опишува нелинеарноста на оптоварувањето се забележува тројно
зголемување на еквивалентата стапка на стареење, т.е. трипати поголемо намалување на
животниот век на трансформаторот. Во овој случај се поизразени и разликите помеѓу двата
стандарди, што се појавуваат поради различните дефинирани услови. Ова покажува дека се
неопходни дополнувања на постојните стандарди во кои ќе бидат опфатени подетални податоци
за оптоварувањето.

7 ЛИТЕРАТУРА
[1] IEC 60076-7:2005. “Loading Guide for Oil-Immersed Power Transformers”. 2005.
[2] K. Najdenkoski, G. Rafajlovski, V. Dimcev. “Thermal Aging of Distribution Transformers According to IEEE
and IEC Standards”
[3] К. Најденкоски, Д. Манов. „Температурен модел на трансформатор за определување на неговиот
животен век“. Трето советување на МАКО СИГРЕ. Охрид, 2001.
MAKO CIGRE 2017 A2-030R 12/12

[4] B. Das, T.S. Jalal, F. S. McFadden. “Comparison and Extension of IEC Thermal Models for Dynamic Rating
of Distribution Transformers”. 2016 IEEE International Conference on Power System Technology.
Wollongong, Australia. 2016.
[5] IEEE Std. C57.91-2011. “IEEE Guide for Loading Mineral Oil-Immersed Transformers and Step-Voltage
Regulators”. 2011.
[6] IEEE Std. C57.110-1998. “IEEE Recommended Practice for Establishing Transformer Capability when
Supplying Nonsinusoidal Load Currents”. 1998.
[7] O.E. Gouda, G.M. Amer, W.A.A. Salem. “Predicting Transformer Temperature Rise and Loss of in the
Presence of Harmonic Load Currents”. Ain Shams Engineering Journal. Ain Shams University, 2012.

Anda mungkin juga menyukai